Осум натпревари ноќеска беа на програмата во НБА лига, во која се разжештува борбата за пласман во плеј-офот.
Лука Дончиќ повторно го водеше тимот на ЛА Лејкерс до победа, шеста во низа. Словенецот постигна 36 поени, а Лејкерси славеа на гостувањето кај Хјустон со 92-100.
За Дончиќ ова беше шести натпревар по ред со 30 или повеќе поени, а малку недостасуваше да стигне до 12-тиот со +40 поени оваа сезона.
Во првиот од двата дерби дуели тимот на Бостон славеше против Феникс со 120-112.
Џејлен Браун и Девин Букер водеа битка на двете страни во која Браун излезе како победникот. Тој постигна 41 поен, од кои 18 во последната четвртина, во триумфот на Селтикс. Од друга страна, 40-те на Букер не беа доволни „сонцата“ да го избегнат вториот последователен пораз.
Во Лос Анџелес тимот на Сан Антонио го доби домашниот состав на Клиперс со 115-119.
Спарс до нивната 50-та победа во сезоната, ги предводеше Стефан Касл со 23 поени, 8 скока и 7 асистенции, а Виктор Вембањама заврпи со дабл-дабл со 21 поен и 12 скокови.
Резултати:
Атланта – Орландо 124:112
Вашингтон – Голден Стејт 117:125
Бостон – Феникс 120:112
Бруклин – Портланд 95:114
Чикаго – Мемфис 132:107
Њу Орлеанс – Далас 129:111
Хјустон – ЛА Лејкерс 92:100
ЛА Клиперс – Сан Антонио 115:119




































