Новиот предводник на македонската фудбалска репрезентација Гоце Седлоски верува дека Македонија е кадарна да направи чекор повеќе. Тој презема во раката „жежок костен“ па ќе се обиде во своето деби да ги одведе црвено-жолтите до историско прво учество на Светските првенства.
За остварување на целта, Седлоски и неговите избраници ќе треба да остварат две победи во баражите. Првиот е против Данска па тој е во фокусот на вниманието.
Шест нови имиња се во репрезентацијата во односи на претходните натпревари и составот кој го имаше екс-селекторот Благоја Милевски. Но, неизвесни за настап се Муслиу кој се враќа од повредата и Алиоски кој сеуште има проблеми.
„Нам да менувам многу. Оние кои го носеа товарот досега остануваат, а ќе освеживме со неколку новајлии и неколку повратници. Сите што се на списокот треба да знаат за кој играат и колку тежи овој дрес.
Немаме многу време, само три дена за работа. Важно е да не се плашиме, да одиграме квалитетно, храбро, и се надеваме дека ќе изненадиме. Притисокот е на страната на противникот“, изјави селекторот Седлоски.
Првата прозивка новиот македонско предводник ќе ја има во понеделник 23 март во Скопје.
Натпреварот против Данска ќе се игра на „Паркен стадионот“ во Копенхаген, на 26 март, со почеток во 20 часот и 45 минути.


































