Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија, втор пат во својата историја ќе има можност за се пласира на Светското првенство.
По шансата во 2022 година кога бевме елиминирани од Португалија во финалниот бараж дуел, откако ја совладавме Италија, сека Македонија пак ќе игра бараж.
Со нов предводник, Гоце Седлоски, македонското фудбалери ги делат две победи, од прво учество на Мундијалот.
Првата пречка е Данска против која црвено-жолтите ќе играат на гостински терен на 26 март.
Доколку македонските фудбалери успеат да ги минат Данците, тогаш ќе играат уште еден натпревар. Финалниот ќе биде со подобрата селекција од дуелот Чешка и Република Ирска. Tој натпревар ќе се игра на 31 март, и тоа на повторно на гостински терен.
Селекторот Седлоски денеска го објави поширокиот список на играчи на кои ќе смета за овие дуели.
На списокот на Седлоски се и неколку новитети. Во селекцијата се враќаат, Љупчо Дориев, Егзон Бејтулаи и Бобан Николов. Нови имиња се, Колумбиецот, Себастијан Ерера од Борац Бања Лука, Дени Мисовски од американскиот Сиетл и Умрам Фетаи од Шкендија.

Собирот на репрезентацијата закажан за во понеделник (23 март) во Скопје, каде на теренот на ФФМ ќе се одработат мини подготовките.


































