Претпоследното, 17. коло од регуларниот дел на сезоната во Првата лига жени донесе
турбуленции на табелата. Тоа особено на врвот, во директните дуели за подобра позиција во
плејофот.
Младост УГД со пресврт дојде до победа од 2:3 на гостувањето кај Работнички и го презема второто место на табелата, зад лидерот Наковски Волеј.
Со овој пораз Работнички, падна на четвртата позиција, откако актуелниот шампион Јанта Волеј со 3:1 го победи Вардар. Тимот од Кисела Вода сега има една победа повеќе (13) од Работнички (12), а идентично како и Младост УГД. Лидерот Наковски волеј е недостижен со 16 победи, откако во четвртокот запиша победата од 3:1 над Струмица.
Работнички и Јанта Волеј, кои се и бодовно изедначени (36 бода), во директен дуел во последното коло ќе решаваат кој ќе заврши како третопласиран тим.
Газели Волеј по вторпат оваа недела го победи Пелистер Волеј со 3:0. „Газелите“ претходно го елиминираа битолскиот состав во четвртфиналето од Купот. Сега истиот резултат го повторија и во првенството.
Во дуелот од дното, Фит Фан Волеј со победа од 3:1 над Ускана уште еднаш само потврди дека тимот од Кичево ќе остане без прволигашки статус по завршувањето на сезонава. Девојките на Фит Фан ќе разигруваат во баражот за опстанок во Првата лига.
ПРВА ЛИГА ЖЕНИ, 17. КОЛО
Вардар ЕМ – Јанта Волеј КВ 1:3 (25:14, 19:25, 25:15, 25:23)
Газели Волеј – Пелистер Волеј 3:0 (25:23, 25:19, 25:16)
Фит Фан Волеј – Ускана 3:1 (25:10, 22:25, 25:10, 25:19)
Струмица жени – Наковски Волеј 1:3 (20:25, 25:21, 21:25, 14:25)
Работнички Скопје – Младост УГД 2:3 (25:22, 25:18, 22:25, 22:25, 11:15)



































