Одбојкарите на Сушево запишаа голема победа над актуелниот шампион Струмица, во локалното дерби од 8.коло од плеј-офот во Првата лига.

Пред месец дена во првото соочување во оваа фаза, Сушево загуби во пет сета, сега успеја пред својата публика да се реваншира. Имаа негатива од 0:2 во сетови играчите на Сушево. Сепак, тоа не ги спречи да се изборат за комплетен пресврт и слават со 3:2.

Лидерот Штип УГД без посериозни проблеми и со максимален резултат славеше над Работнички во три сета. Второпласираниот Борец на гостувањето во Тетово кај Универзитет во Тетово одигра сет повеќе.

Во плеј-аут фазата екипите на Шкендија, Лирија и Скопје се во победнички ритам.

ПРВА ЛИГА МАЖИ

ПЛЕЈОФ, 8. КОЛО
Сушево – Струмица 47&72 3:2 (22:25, 18:25, 25:16, 25:20, 15:12)
Штип УГД – Работнички 71&22 3:0 (25:13, 25:10, 25:15)
Универзитет во Тетово – Борец 1:3 (14:25, 27:25, 17:25, 16:25)

ПЛЕЈАУТ, 8. КОЛО
Јанта Волеј – Шкендија 0:3 (8:25, 18:25, 17:25)
Лирија – Македонија Џио 3:0 (25:18, 25:14, 25:18)
Скопје – Весна Пробиштип 3:0 (25:20, 25:21, 25:15)