Во ракометната Супер лига во плеј-офот вечерва се игра дерби натпревар. Во Битола лидерот на табелата Вардар гостува кај првакот Еурофарм Пелистер.
„Црвено-црните“ имаат четири бодови предност на табелата и доколку останат непоразени ќе направат „чекор поблиску“ до шампионската титула. За битолчани само победа е опција од причина што само така ќе ја намалат бодовната предност на Вардар.
Дербито ќе се игра пред полни трибини, а во Битола се е во знакот на овој натпревар. Вардар во овој натпревар може да влезе без дополнителен притисок, но убавината на дерби натпреварите е кога не се штедат силите.
Стевче Алушовски и Иван Чупиќ имаат квалитетни состави што само треба да биде предизвик за сите да се следи квалитетен натпревар на ниво од Лигата на шампионите. Во продолжението на шампионатот Еурофарм Пелистер нема да има европски натпревари, додека Вардар откако го освои првото место во групата во Лигата Европа, ја искажува својата намера ја искажува својата намера да настапи и на Ф4 во Хамбург.
Дербито ќе го судат Исмаил Металари и Ненад Николовски, додека делегати ќе бидат Марјан Начевски и Лери Мирчески. Почетокот на дуелот е во 19 часот, а може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇
Попладнево од 18 часот се игра и дуелот од оваа рунда (2.коло) меѓу Бутел и Тиквеш.
На вчерашниот натпревар Охрид и Алкалоид одиграа нерешено 27:27, а управата на Алкалоид по натпреварот поднесе и жалба на судењето.
Во пресрет на денешните дуели Вардар е прв со 44 бодови, пред Еурофарм Пелистер со 40, колку што има и Охрид. Алкалоид е на четвртото место со 36, а Бутел и Тиквеш имаат по 22 бода.



































