Иако требаше да биде еден од дерби натпреварите, дуелот меѓу Пелистер и Куманово заврпи со убелдива победа на домаќчините. Битолчани славеа победа над Куманово со 92:62 во натпреварот од 18.коло во Супер лигата.

Иако првиот период заврши со минимално водство на гостите, домашните кошаркари брзо ја презедоа контролата. На полувреме, Пелистер заминаа со предност од 44:39. Во второто полувреме играта доби сосема поинаков тек. „Зелено-белите“ ја зацврстија одбраната, ја зголемија агресивноста и целосно доминираа на теренот.

Дејвис беше најпрецизен со 23 поени, Вилсон додаде 19, Малешевиќ 18, Џенкинс 12, а Митревски 10. Кај Куманово најдобар стрелец беше Радукиќ со 14 поени. Со оваа победа Пелистер ја зацврсти третата позиција на табелата, веднаш зад ТФТ и МЗТ Скопје, кои во петок ќе го одиграат дербито за врвот.

До убедлива победа дојдоа и кошаркарите на Тиквеш кои во Кавадарци го совладаа „фенерџијата“ Ангели со 114-90.

Дури шестмина домашни кошаркари имаа двоцифрен број на поени. Најмногу, 24, постигна Хоукинс, три помалку имаше Парсонс, Димитриев даде 18, а Златев и Бошалески по 14. На другата страна, за Ангели, Хоуг уфрли 25, Стефанов 20, а Ренг заврши со 17. 

Интересен дуел одиграа Гостивар и Чаир кој гостите од Скопје го добија со 76-81.

Имаа гостинските кошаркари и позитива која навидум изгледаше ако недостижна. Но им дозволија на мотивираните домаќини во последните десет минути да дојдат до шанса дури и да победат. Сепак, „сино-белите“ од Чаир имааа мирна завршница и одлична пенал-серија со која го одбранија високото водство.