Кошаркарите на Работнички по долги години се вратија во својот дом. Работнички вечерва играше против Маџари во салата „Лазар Лечиќ“ во Градски парк.

На задоволство на навивачите на центарци „Сити Парк Бојс“, Работнички оствари важна и победа со над Маџари со 97:74.

Нерешлива енигма за гостите беше макеоднскиот репрезентативец Виктор Ефремовски кој постигна повеќе од половина од поените. Ефремовски натпреварот го заврши со 50 поени, погодувајќи 9 тројки од 17 обиди.

Со ова победа, Работнички останува во трка за позициите што водат во плеј-офот. Тимот од „Градски парк„ има две победни помалку од Куманово, Маџари, Кожув и Чаир. а една помалку од Тиквеш.

Standings provided by Sofascore