Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром го заврши настапот во АБА2 лигата. Аеродромци не успеаја да обезбедат пласман во плејофот, па сега комплетно може да се посветат на домашното првенство.
Тие се втори на табелата со бод помалку од ТФТ кој лани беше нивни ривал во финалето. Токму составот од Тафталиџе е следниот противник на ,, металците” во дербито од 18.коло чии останати пет натпревари ќе се играат денеска.
Разбирливо е што дербито е поместено, а тоа ќе се игра во петок, во Негорски бањи. Е, токму местото на одигрување е ,,неразбирливо” за шампионот, но и кошаркарската јавност.
Во својата објава по вчерашниот пораз од Шикори Бријег, од таборот на МЗТ кратко напишаа.
🏀 Пораз во последниот меч од регуларниот дел од сезоната и тоа по два ипол часовен маратон со две продолженија на гости кај HKK Široki (109-111) ⏱️😓
Колку и да се трудевме и боревме, не успеавме да дојдеме до триумф со потребната разлика, за што и тоа како ни фалеа повредените Војдан Стојановски и Андреј Маслинко 🤕
🔜 Сега се насочуваме кон домашното првенство и дерби-дуелот на гости против ТФТ, закажан за в петок – и тоа неочекувано во Негорски Бањи 🏟️🔥
Вицепрвакот ТФТ, секако има право да одбере каде ќе надтапува како домаќин, па на аеродромци не им преостанува ништо друго освен тоа да го прифатат и играат.



































