Нема многу време за одмор за кошаркарските суперлигашите, бидејќи денеска ќе се играат натпревари од 18-тото коло.

Иако оваа рунда го носи дербито меѓу двете првопласирани екипи на табелата, ТФТ и МЗТ Скопје. Сепак тоа нема да се игра денеска. Поради вчерашните обврските на аеродромци во АБА2 лигата (пораз од Широки), овој натпревар ќе се игра во петок . Домаќинот на дербито, екипата на ТФТ, во договор со гостинската екипа, одлучи дуелот да се игра во спортскиот центар „НБ Ноел“ во Гевгелија.

Затоа пак останатите пет натпревари од ова коло на програмата се денеска.

Најинтересен од нив се очекува да биде дуелот во Битола, каде Пелистер го пречекува Куманово. Ова особено по случувањата во четвртфиналето на Купот, што се одржа во Куманово. На дуел во кој пелистерци во еден момент се повлекоа од теренот, а потоа имаа и големи забелешки на судењето.

Истовремено (19 часот), кошаркарите на Работнички по долги години ќе се вратат да играат во својот дом, во салата „Градски парк“. Таму ќе гостува екипата на Маџари.

СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – 18 КОЛО

Среда 11 март
17.00 ТИКВЕШ – АНГЕЛИ
18.30 ГОСТИВАР – ЧАИР
19.00 ПЕЛИСТЕР – КУМАНОВО
19.00 РАБОТНИЧКИ – МАЏАРИ
19.00 КОЖУВ – ФЕНИКС
Петок 13 март

18.00 ТФТ – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ (во Гевгелија)

Сите натпревари ќе може да ГИ ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ НА ЕДНО МЕСТО 👇👇👇