Големото градското дерби на Милано, во италијанската Серија А го добија фудбалерите на Милан.
Победата од 1:0 против Интер не само што ја намали разликата, туку и покажа дека „росонерите“ имаат сила да се борат до крај. Голот на Первис Еступинан во 35.минута, а по асистенција од Фофана, се покажа како решавачки момент.
Со триумфот над Интер, екипата на Милан успеа да ја врати неизвесноста во трката за титулата.
Интер и понатаму е во комотна позиција со 67 бода, но овој пораз може да им донесе дополнителен притисок во наредните кола.
Милан со 60 бода втор на табелата, а актуелниот шампион Наполи со 56 бода ќе чека своја шанса и кикс на ривалите од Милано.





































