Најдобриот стрелец од минатата сезона во американската фудбалска лига, Лионел Меси и во новата продолжува да го тресе противничките мрежи. По двата гола против Орландо, Аргентинецот постигна гол и во дуелот со ДС Јунајтед кој Мајами го доби со 1-2 на гостински терен.
Интересот за да го гледаа Меси, ја принуди управата на тимот од Вашингтон овој натпревар да го гра на стадионот во Налтимор кој има поголем капацитет над 72.000 места.
Меси им возврати на присутните на најдобар можен начин кога во 27.минута погоди за 0-2 за гостите. Десет минути претходно (17) Де Пол го отвори резултатот.
За Мајами тоа беше втората победа во третиот овосезонски натпревар. На отворањето на сезоната тимот од Флорида загуби од Лос Анџелес, меч во кој Меси не настапи.



































