Женска ракометна репрезентација на Македонија денеска ги игра првиот од двата натпревари против Белгија. Ова се натпревари од квалификациите за Европското првенство што ќе се одржи кон крајот на годинава.
Македонија и Белгија се дел од третата група во која се фаворитите Германија и Словенија.
По двата порази токму од овие две селекции, сега македонските и белгиските ракометарки, во меѓусебните дуели ќе се борат да третото место. Имено четири трето рангирани селекции од шесте групи со најдобар „скор“ ќе обезбедат настап на шшампионатот.
Затоа бодовите во овој двомеч се од огромно значење. Јасно им е тоа на избраничките на селекторот Кристијан Грчевски кој на двомечот не ќе може да смета на Сара Ристовска поради повреда.
Денешниот прв меч меѓу Белгија и Македонија што ќе се игра во градот Хаселт, ќе почне во терминот од 20 часот и 10 минути. Три дена подоцна (7 март) е реваншот, што ќе се игра во Куманово.
Денешниот натпревар ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇
Ивона Кимовска


































