Шесте екипи кои ќе се борат за шампионскиот трофеј во домашното, македонско, ракометно првенство денеска ја почнуваат последната фаза.
Плеј-оф конкуренцијата стартува со дуелот во Кавадарци каде Тиквеш ќе го пречека актуелниот првак Еурофарм Пелистер.
Натпреварот што ќе се игра во салата „Јасмин“ ќе почне во терминот од 19 часот, а ќе можете да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇
Тоа важи и за другите два натпревари во воведното коло, кои на програмата се утре.
Прво од 17 часот ракометарите на Бутел ќе го пречекаат Охрид кој е трет на табелата.
Колото ќе биде комплетирано со дербито во Автокоманда во кое Алкалоид го пречекува лидерот на табелата Вардар. Овие два тима играа и минатата сабота, а вардарци се радуваа на победата.
СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – ПЛЕЈ-ОФ 1 коло
27.02.2026 ПЕТОК
19:00 ГРК ТИКВЕШ 2014 – РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
28.02.2026 САБОТА
17:00 РК БУТЕЛ СКОПЈЕ – ГРК ОХРИД
18:30 РК АЛКАЛОИД – РК ВАРДАР 1961


































