Два натпревари денеска во Скопје и Куманово ќе се играат во четвртфиналето на Купат на Македонија.
Бранителот на трофејот, скопски Вардар за противник ќе го има првопласираниот тим од Втората лига, Охрид. Овој натпревар што ќе се игра на теренот крај ФФМ, ќе мине без присуство на публика.
Во Куманово пак, екипата на Шкендија од Арачиново ќе биде домаќин на Работнички.
Двата натпревари ќе почнат од 14 часот, термин во кој утре во Кратово, ќе играат Силекс и Детонит Плачковица.
Поради настапот на Шкендија во плејофот на Конференциската лига, дербито на оваа рунда со Струга ТЛ ќе се игра на 18 март.
КУП НА МАКЕДОНИЈА – 1/4 ФИНАЛЕ
Вторник (24 февруари)
ВАРДАР – ОХРИД ЛИХНИДОС 14 часот
ШКЕНДИЈА АРАЧИНОВО – РАБОТНИЧКИ
Среда (25 февруари)
ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – СИЛЕКС 14 часот
Среда (18 март)
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – ШКЕНДИЈА




































