Сите натпревари од 2.коло на ТОП-8 фазата во Првата кошаркарска лига, завршија со победи на домаќините.
Најубедливата ја забележаа кошаркарите на Бутел кои со 40 разлика го победија Вардар и избија на првото место на табелата.
И второ рангираниот состав на Струмица ја мина 100-ката во дуелот со Водно санс. Струмичани, како и Бутел, но и штипските Соколи и велешки Борец имаат ист „скор“ 5 победи и 3 порази.
Овие екипи со прикажаното досега се извојуваат од останатите и за очекување е токму тие да играат во плејофот.
КОШАРКА ПРВА ЛИГА (МАЖИ) TОП 8 – 2 КОЛО
БУТЕЛ – ВАРДАР 110-70
СОКОЛИ– МЕГА БАСКЕТ 91-66
БОРЕЦ БАСКЕТ – ОХРИД 91-73
СТРУМИЦА – ВОДНО САНС 102-80
ТАБЕЛА
1.Бутел 13 (5-3) (5-3 победи-порази)
2.Струмица ФМП 13
3.Соколи 13 (5-3)
4.Борец баскет 13 (5-3)
5.Мега баскет 12 (4-4)
6.Вардар 12 (4-4)
7.Водно санс 10 (2-6)
8.Охрид 10 (2-7)


































