Ракометарките на Чаир славеа убедливо на гостувањето во Битола против Пелистер во натпревар од Супер лигата. Дуело од 15-тото коло гостинките го добија со 16-34.

Екипата на Чаир од самиот почеток го наметна својот ритам на гостувањето во Битола.

Со одличен старт, до 11-тата минута избраничките на Чаир поведоа со +4 (6:2). Како што одминуваше првото полувреме, предноста постепено се зголемуваше, додека Пелистер немаше решение да ја намали негативата. Во 23-тата минута Чаир веќе имаше сигурни 12:6, а на паузата замина со убедлива предност од 15:7.

Во второто полувреме сликата на теренот не се промени. Чаир продолжи со доминантната игра и во 40-тата минута стигна до највисоки +11 (21:10). До крајот рутински ја контролираше предноста и без проблеми го приведе натпреварот кон сигурна победа. Па крајниот резултат беше 34:16.

Најефикасна од екипата на Чаир беше Рона Мифтари со осум гола, додека од Пелистер Тодоровска и Стојчевска постигнаа по четири погодоци.

Со оваа победа Чаир го одржува чекорот со актуелниот шампион Ѓорче Петров на првите две позиции на табелата. „Лавиците“ од Ѓорче се лидери со 26, а Чаир има 25 бодови.

Ивона Кимовска