Ракометарите на Алкалоид и Вардар одиграа фантастичен натпревар во последната рунда од првата фаза на машката Супер лига.
На дуелот во Автокоманда, ниту еден од тимовите не успеа да создаде повеќе од два гола разлика се до самиот крај, на кој Вардар славеше со 25-28.
Во првото, полувреме Вардар беше оној кој постојано беше во предност, со исклучок на самиот старт кога Алкалоид поведе со 1-0. На паузата, Вардар си заминаа со гол позитива 13: 14.
Иста слика и во второто полувреме. Во 34.минута Алкалоид успеа да повелете, па дури и во два наврати имаше два голови предност (19-17). Но избраниците на Чупиќ, знаеја како да го надополнат тоа и повторно да ја преземат контролата на резултатот. Бркаа домаќините постојано негатива од гол-два, но не успеаја да ја надополнат. На крајот Вардар славеше со 25-28 што беше и најголемата разлика на натпреварот.
Јака Маус со 10 голови беше прв стрелец го победничката екипа со 10 постигнати голови. Новото засилување Урош Митровиќ и Димитри Хориха постигнаа по 6. Во редовите на Алкалоид на расположен стрелец беше Урош Борзач со девет гола.
Така вардарци со 21 победа и само 1 пораз, ќе влезат како прво рангирани во плејоф конкуренцијата.
Во неа последен патник е тимот на Бутел кој денеска на домашен терен го победи Тиквеш со 33:25.


































