Во Првата македонска фудбалска лига попладнево ќе бидат одиграни два нови натпревари од 19-тото коло.

Во Скопје, лидерот на табелата Вардар, го пречекува кумановски Башкими. Вардарци ја имаат улогата на фаворит во дуелот против петтопласираната екипа на табелата. Црвено-црните имаат шест бодови предност во однос на актуелниот првак Шкендија, односно седум од трето рангираниот состав на Струга Трим Лум.

Стружани денеска ќе гостуваат во Битола кај Пелистер кому бодовите му се тоа како потребни во борбата за опстанок во елитата.

Натпреварот во Скопје, ќе почне во терминот 13 часот, а оној во Битола еден час подоцна (14).

ПРВА ЛИГА – 19 КОЛО

сабота 21.02
ВАРДАР – БАШКИМИ 13 часот
ПЕЛИСТЕР – СТРУГА ТРИМ ЛУМ 14 часот
недела 22.02
СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА 13 часот
ШКУПИ – АРЕСИМИ 14 часот
понеделник 23.02.
МАКЕДОНИЈА Ѓ.П – ТИКВЕШ 14 часот
петок 20.02.
БРЕРА СТРУМИЦА – РАБОТНИЧКИ 3-4