Ракометарите на Охрид се пред историски резултат за својот клуб, пласман во четвртфиналето на ЕХФ Европскиот куп.

Охриѓани попладнево во Прага ќе го играат реванш натпреварот од осминафиналната рунда против екипата на Дукла. Во него популарните „гладијатори“ влегуваат со предност од девет голови, остварена на првата средба пред својата публика во Охрид која ја добија со 30-21.

Но, ваквата предност нема да ги залаже охридските ракометари, па искусниот Гоце Ојлески најавува дека и на овој натпревар ќе играат како да е 0-0 и ќе атакуваат на победа.

Тренерот на охриѓани Рроевиќ направи две принудни измени. На местата на повредените Лиапас и Бојаниќ во тимот ќе бидат Ристевски и Кукуловски.

Денешниот дуел меѓу Дукла Прага и Охрид ќе почне во терминот од 18 часот.

Следете нé на социјалните мрежи