Кошаркарките на Бадел и Крива Паланка го сочинуваат вториот полуфинален пар, на завршницата на Купот на Македонија. Баделки тргнува во поход кон нов трофеј во Купот, а Крива Паланка кон својот прв пласман во големото финале.
Со такви желби и амбиции двата тима влегуваат на турнирот што за прв пат се одржува во Македонска Каменица.
КОШАРКА КУП МКД 2026 ЖЕНИ by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈААндреј Алексовски, во улога на асистент-тренер во екипата на Крива Паланка ја пренесе тимската порака.
„Учеството во завршницата на Купот е престиж, но и голем предизвик. За нас ова е четвртто полуфинале, се надеваме на финале. Како што знаеме сите, екипата на Бадел 1862 е одличен противник. Искусен тим, но ние утре одиме на победа. На крај, сакам на сите да им посакам успех на сите екипи и добар турнир“, изјави Алексовски
Своите очекувања ги презентираше и Глорија Груевска.
„Нашиот тим е спремен да покаже добра и квалитетна кошарка. Имаме одлична тимска атмосфера. И сум сигурна дека ќе ја оствариме нашата цел. А тоа е победа утре и едно историско финале за Крива Паланка“.

Првиот човек на Бадел 1862 Љупчо Павловски, посакува девојките да го „скршат малерот“ и по овој турнир во Македонска Каменица и втрините на трофејниот клуб да бидат „побогати“ за уште еден победнички трофеј.
„Македонска Каменица ни остави добри впечатоци и долго паметење во минатото. Бадел 1862, тоа ни е во нашата ДНК, секогаш се стреми кон врвни резултати. Застанавме на 13 освоени куп-трофеи, и се надеваме дека оваа година ќе ја прескокнеме таа несреќна, да кажам, „тринаесетка“, и ќе дојдеме до 14 победа. Јас сум убеден дека нашите девојки ќе изгинат, ќе го остават срцето на теренот за да стигнеме до таа вредна победа и пласман во финалето“.
Јована Петрушевска посака фер-плеј игра од сите учесници на турнирот кој треба да даде доказ за гледност, приближна на финалниот турнир во машка конкуренција.
„Сакам да им честитам на сите четири екипи што се пласираа во полуфиналето на Купот на Македонија. Се надевам дека овие два дена ќе поминат во фер плеј-игра и и сите четири екипи ќе покажат добрра кошарка. Пред се за да се докаже дека женската кошарка е исто така од големо значење и има своја гледаност. Јас и моите „баделки“ заедно со тренерот и претседателот Павловски, сме подготвени за утрешниот натпревар. Крива Паланка како наш противник ни е доста познат. Спремни сме и мотивирани и нека победи најдобриот“.
Натпреварот Бадел – Крива Паланка ќе почне во терминот од 17.30 часот, а ќе се игра во салата „Кирил и Методиј“. Може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.👇👇👇



































