Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром по четиринаесетти пат во својата историја го освојат трофејот во Купот на Македонија. Во финалето на завршниот турнир чија завршница се играше во Куманово, аеродромци беа многу подобри токму од домаќинот со 96-70.
Натпреварот започна рамноправно, се така се играше се до осмата минута, односно до резултат 18-18. Тогаш следуваше серија на шампионот МЗТ од 14-1 и за највисока предност од плус 13 (19-32). Скопскиот тим направи уште една серија 10-0 и дојде до највисоки плус 19. На паузата меѓу двете полувремиња сино белите од Скопје заминаа со предност од 15 поени (33-48).
Ниту во вториот дел избраниците на Марин Докузовски, предводникот на Куманово, немаа решение за играта на МЗТ. Така составот од скопската општина Аеродром заслужено по четврти пат во низа успеа да ја одбрани титулата, а по четиринаесетти да се впише во вечната листа на освојувачи.
најефикасен во редовите на победничката екипа беше Американецот, МекСмит со 23, а неговиот сонародник Гол додаде 19 поени. Одлична партија имаше и Андреј Магдевски кој натпреварот го заврши со 12 поени, 8 скокови и 6 асистенции.
За МЗТ ова беше 19-то финале, а Куманово го одигра второто, откако и во првото исто така беше поразен од аеродромци.





























