Македонската Таеквондо федерација (МТФ), следниот викенд ќе биде организатор на силен меѓународен турнир.
Имено станува збор за ВТ Г1 турнирот кој е дел од „Рамус меѓународните турнир“, а преку кои натпреварувачите бркаат и бодови, за исполнување на олимписката норма.
Како што најавуваат од Таеквондо федерација, на турнирот ќе бидат присутни голем број на носители на медали од европските, светските шампионати, но секако за нас најзначаен ќе биде настапот на нашите претставници.
Турнирот „Скопје Опен 2023“ ќе се одржи во СЦ „Јане Сандански“ на 8 и 9 април, а влезот ќе биде слободен.