Втор ден натпревари на завршниот турнир во Купот на Македонија за кошаркари, што се одржува во Куманово.

По вчерашните четвртфинални дуели, останаа четири тима кои денеска ќе играат во полуфиналето.

Бранителот на трофејот и актуелен шампион, МЗТ Скопје Аеродром, важи за фаворит во натпреварот против гевгелиски Кожув. Квалитетот и искуството кои ги имаат аеродромци секако се на нивна страна.

Гевгеличани пак ќе се обидат да направат изненадување, што би било рамно на сензација. Тие посакуваа да се повтори март минатата година кога во првенствениот натпревар во Гевгелија се радуваа на победа.

Но, повеќе од јасно е дека составот на Малинков, ќе треба да направи вистинско чудо доколку сака да го изненади фаворитот.

Првиот полуфинален натпревар меѓу МЗТ Скопје и Кожув ќе почне во терминот од 17 часот а ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇

Второто полуфинале се очекува да биде далеку по неизвесно. Ова пред се поради амбициите на домаќинот и организатор на завршниот турнир екипата на Куманово.

Предвидени од поранешниот македонски селектор Марин Докузовски, кумановци имаат амбиции да се борат за трофејот. Втора пречка на патот кон финалето ќе им биде скопскиот состав на ТФТ. Вицепрвакот воедно и лидер на првенствената табела ќе има благата улога на фаворит. Сепак Куманово ќе ја има поддршката од публиката која сигурно ќе биде дополнителен мотив за избраниците на Докузовски.

Натпреварот Куманово – ТФТ не закажан за 19 часот и триесет минути, а и него ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇

КОШАРКА КУП МКД 2026 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА