Фудбалерите на Реал Мадрид ја совладаа Валенсија во натпревар од 23-тото коло на шпанската Ла лига. Дуелот одигран на „Местаља“ гостите го добија со 0-2.

Иако македонскиот репрезентативен голман голман Столе Димитриевски, имаше неколку прекрасни интервенции сепак не успеа да го спаси својот тим од нов пораз.

Во 63.минута Димитриевски беше немоќен да го спречи Алваро Карерас да му донесе водство и победа на ,,кралскиот” тим.​

Тој гол дополнително го зголеми притисокот кон голот на Димитриевски. Валенсија делуваше изгубено, Реал напаѓаше, па стигна до втор погодок.

Тоа се случи во судиското дополнение кога Килијан Мбапе го совлада Димитриевски и ги постави конечните 0-2 за гостите.

Реал Мадрид со овие три бода сега има 57 бодови само еден помалку од лидерот Барселона. Екипата на Валенсија остана на 23 бодови на 17.место и ја чека тепка борба за опстанок.

Следете нé на социјалните мрежи