Дербито на 3.коло од женската Супер лига, плејоф, меѓу ЖРК Куманово и ЖРК Ѓорче Петров заврши без победник 28:28, но со драматична завршница и два гола по еден за двата тима.
Најпрвин, ракометарките на домашниот тим во долгата комбинација направија грешка и од контра ја казни Анастасија Николовска за водство на гостинскиот тим од 28:27.
До последниот звук на сирената имаше уште неколку секунди, а ЖРК Куманово со брз центар успеа да реализира преку Тамара Ивановска за ново изедначување 28:28.
Нерешениот резултат е најреален на овој дуел, бидејќи и најчесто беше во текот на натпреварот нерешено.