Лидерот на табелата во Премиер лигата Арсенал без проблеми го совлада на „Емирати“ Лидс со 4:1 (1:0) и повторно е на осум бодови од конкурентот за шампионската титула Манчестер Сити. Со денешните три бодови „топџиите“ дојдоа на 72 бода, додека Манчестер Сити има 64.

Отпорот на Лидс беше „скршен“ во 35.минута со голот на повратникот во тимот Габриел Жезус.

На почетокот на вториот дел, бекот Бен Вајт зголеми на 2:0, а набрзо потоа Жезус го постигна својот втор гол на денешниот дуел за водство од 3:0. Гостите намалија во 76.минута преку Расмус Кристенсен, додека конечните 4:1 ги постави Гранит Џака во 84.минута.

На другите дуели од 29.коло одиграни денеска беа постигнати следниве резултати: Манчестер Сити – Ливерпул 4:1, Бурнемут – Фулам 2:1, Брајтон – Брентфорд 3:3, Кристал Палас – Лестер 2:1 и Нотингем Форест – Вулверхемптон 1:1. 

Од 18:30 часот играат Челзи и Астон Вила.