Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино повторно е во центарот на вниманието. Инфантино излезе со став кој предизвикува жестоки реакции.

Тој смета дека забраната на Русија од меѓународниот фудбал треба да се укине. Според него, мерката не донела резултати и само ја зголемила тензијата.

Русија е надвор од сите натпреварувања уште од февруари 2022 година, поради инвазијата врз Украина. Инфантино вели дека младите играчи од Русија треба да имаат право да играат во Европа.

„Мерката не постигна ништо. Ова би помогнало да се намали омразата,“ изјави Инфантино.

Забраната ја спроведоа ФИФА и УЕФА заеднички, а таа важи за националниот тим и за сите клубови. Четири години подоцна, Инфантино смета дека е време за нов пристап.

Неговата изјава доаѓа во момент кога војната меѓу Русија и Украина сè уште трае. Реакциите во светот на спортот се поделени, дел ја поздравуваат идејата, други ја критикуваат како опасен сигнал.