Со натпреварите од осмото, последно коло, вечерва заврши групната фаза од натпреварувањето во Лигата на шампионите.
Сите 18 натпревари се одиграа во исто време, имаше многу голови и возбудувања. Најголемото се случи во Лисабон, каде Бенфика го совлада Реал Мадрид со 4-2.
Тимот на Мурињо со оваа победа и тоа длабоко во судиското дополнение си обезбеди пласман во првата рунда од разигрувањето, каде ќе игра и Реа. Голманот Анатолиј Трубин беше стрелец на четвртиот гол кој ја одведе Бенфика во 1/16-финалето, а го избриша Реал екипите кои директно се пласираа во осминафиналето.
Таму ќе играат првопласираните осум екипи: Арсенал, Баерн, Ливерпул, Тотенхем, Барселона, Челзи, Спортинг и Манчестер Сити.
Покрај Реал и Бенфика во првата нокаут фаза ќе играат: Реал, Интер, ПСЖ, Њукасл, Јувентус, Атлетико, Аталанта, Леверкузен, Дортмунд, Олимпијакос, Бриж, Галатасарај, Монако, Карабах и Бодо Глим.
Македонија нема да има свој претставник понатаму во Лигата на шампионите. ова откако Ељиф Елмас и неговиот тим, италијанскиот првак Наполи завршија на 30-тото место.




































