Во кошаркарската Втора машка лига, викендов се играат средбите од претпоследното 21-во коло, по кое може да биде разрешена и дилемата за сите патници во плејофот.

Досега во разигрувањето сигурни се пет екипи: Вардар, Соколи, Работнички, Ангели и Куманово, а за преостанатите три места претендираат четири екипи.

По поразот од Работнички, екипата на МЗТ Скопје У.Б. им отвори шанса на конкурентите да го стигнат и минат. Најмногу од тој резултат може да профитира Шкупи доколку успее да го победи Охрид кој пак со триумф дефинитивно ќе игра плејоф. Задачата на Водно Санс ќе биде потешка имајќи во предвид дека ќе игра против првопласираниот Вардар.

Една од дилемите ќе биде разрешена уште по првата средба што ќе се игра точно напладне денеска.

КОШАРКА ВТОРА ЛИГА – ПРЕТПОСЛЕДНО 21.КОЛО
САБОТА
ШКУПИ – ОХРИД 12:00 часот
МКК КУМАНОВО – БОРЕЦ БАСКЕТ 18:30 часот
НЕДЕЛА
СОКОЛИ – ЦРН ДРИМ 15:00 часот
ВОДНО САНС – ВАРДАР 20:00 часот
ОДИГРАНО ПРЕТХОДНО
БАСКЕТ КАМ – АНГЕЛИ 56-84
МЗТ СКОПЈЕ У.Б – РАБОТНИЧКИ 74-79 (70-70)

# ТАБЕЛА НАТ ПОБ ПОР +/- БОД
1 ВАРДАР 20 17 3 339 37
2 СОКОЛИ 20 15 5 147 35
3 РАБОТНИЧКИ 21 15 6 106 36
4 АНГЕЛИ 21 14 7 146 35
5 МКК КУМАНОВО 20 11 9 86 31
6 МЗТ СКОПЈЕ У.Б. 21 10 11 84 31
7 ГКК ОХРИД 20 11 9 3 31
8 ВОДНО САНС 20 10 10 71 30
9 ШКУПИ 20 9 11 -38 29
10 БОРЕЦ БАСКЕТ 20 7 13 -202 27
11 БАСКЕТ КАМ 21 3 1718 -217 24
12 ЦРН ДРИМ 20 0 20 -489 20