Манчестер Сити славеше со 2:0 против Вулверхемптон во натпревар од 23.коло на Премиер лигата.
Мечот на „Етихад“ донесе брз гол уште во 6. минута. Стрелец беше Омар Мармуш со прецизен удар. Вториот гол падна во судиското продолжение на првото полувреме. Антоан Семенјо погоди во 45+2 минута по асистенција од Бернардо Силва .
Сити ја контролираше играта со посед од речиси 67%, а Вулвс не успеа да упати ниту еден удар во рамките на голот.
Со оваа победа Манчестер Сити стигна до 46 бодови и е на второто место на табелата, зад Арсенал кој има 50 и Астон Вила со 43. Но, ривалите на Сити, допрва треба да ги играат своите натпревару од оваа рунда.





































