Осум натпревари ноќеска се одиграа во НБА лигата а од нив издвојуваме.

Екипата на Милвоки загуби на домашен терен од десеткуваниот Денвер со 100-102.

Иако Нагетс и на овој натпревар настапија без клучните играчи Никола Јокиќ и Џемаил Мареј, сепак извлекоа триумф. Милвоки не само што го загуби натпреварот, туку го загуби својот најдобар играч Јанис Антетокумпо. Во самиот финиш поради болка во листот на ногата, грчкиот кошаркар мораше предвреме да го заврши натпреварот. По него Јанис изјави дека станува збор за слична повреда која веќе го оддалечи сезонава осум натпревари од терените.

Најинтересниот натпревар го одиграа кошаркарите на Бруклин и Бостон, а победа по продолжение славеа гостите со 126-130.

Џејлен Браун одигра уште еден фантастичен натпревар кој го заврши со троен ефект од 27 поени 12 асистенции 10 скокови. Сепак прв стрелец во победничката екипа беше Причард со триесет и два поени. Кај Бруклин, 30 поени постигна Портер.

https://www.rezultati.com/newsfeed/YkRFMXcJ