Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија, беше извршена ждрепката за четвртфиналето во националниот Куп.

Дерби дуелот ќе го играат тимовите на Струга Трим Лум и шампионот Шкемндија. Но тој меч во Струга повеќе од јасно е дека на 25 февруари нема да се игра. На 19 и 26 февруари Шкендија игра двомеч од плеј – офот во нокаут фазата или 1/16 финалето во Лигата на Конференции против турскиот Самсунспор.

Бранителот на пехарот од минатата сезона Вардар за противник ќе ја има екипата на Охрид.

Силекс ќе ја има улогата на фаворит против Детонит Плачковица. Најинтересно се очекува да биде на дуелот меѓу второлигашот Шкендија Арачиново и Работнички кој се бори за опстанок во Првата лига.

Натпреварите ќе се играат 25 февруари.

Полуфиналињата се закажани за 1 и 22 април, се играат два меча а големото финале би требало да се игра на 20 мај.

Следете нé на социјалните мрежи

КУП НА МАКЕДОНИЈА – 1/4 ФИНАЛЕ

(1) ВАРДР – ОХРИД ЛИХНИДОС
(2) СТРУГА ТРИМ ЛУМ – ШКЕНДИЈА
(3) ШКЕНДИЈА АРАЧИНОВО – РАБОТНИЧКИ
(4) ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – СИЛЕКС