Ракометарите на Португалија стартуваа со победа во првиот дуел на Европското првенство откако попладнево ја совладаа Романија со 40:34. Ова беше првиот дуел од Б групата што се игра во Хернинг. Романците на стартот имаа минимална предност, но потоа Португалија направи серија од 5-0. До крајот на првиот дел фаворитот Португалија во четири наврати имаше предност од 9 голови разлика. Истата таа предност Португалците ја имаа и во вториот дел, но Романија успеа да намали на четири разлика. Франциско Кошта со 9 голови беше најефикасен.

Во вториот дел селекторот на Португалците има даде шанса на сите играчи.

В дуелот од Ф групата во Кристијанстад Исланд – Италија 39:26, додека во дербито од првите денешни дуели во Осло Словенија – Црна Гора го одиграа најефикасниот натпревар 41:40 за Словенија.

Во термиот од 20:30 часот играат: Македонија – Данска (Хернинг), Унгарија – Полска (Кристијанстад) и Швајцарија – Фарски острови (Осло).