Лондонското дерби во англискиот Лига куп го добија фудбалерите на Арсенал кои како гости го совлада Челзи. Дуелот одигран на „Стенфорд Бриџ“, популарните „топчии“ го добија со 2-3.

Бен Вајт го отвори резултатот во седмата минута по грешка на Роберт Санчез. Виктор Ѓокереш го зголеми водството на Арсенал во 49-тата минута со прецизен удар. Челзи се врати во игра со голот на Алехандро Гарначо, набргу откако влез во игра од клупата за резерви. Сепак, Мартин Зубименди повторно донесе два гола предност за Арсенал во 70-тата минута. Со вториот гол Гарначо во 83-тата минута Челзи го ублажи поразот, за надеж во реваншот.

Арсенал останува фаворит пред реваншот на домашен терен на „Емирати“ закажан за 3 февруари.

Потсетување дека Манчестер Сити победи Њукасл со 2-0 во првата нивна полуфинална пресметка, а реваншот ќе се игра на 4 февруари. Финалето на Лига Купот е закажано на 22 март на „Вембли“.

Следете нé на социјалните мрежи