Екипата на Реал Мадрид откако во неделата го загуби шпанскиот Супер куп од Барселона, нема да има можност да се бори за трофејот ниту во Копа дел Реј. За ова се погрижи составот на Албасете која игра во втората шпанска лига.

Бо натпреварот од осминафиналето на „Кралскиот куп“, Албасете ги израдува домашните навивачи совладувајќи го Реал со 3-2.

Во финишот на првиот дел беа постигнати два гола. Домашниот состав поведе со голот на Виљар во 42.минута, а Реал израмни во судиското дополнение (45+2) преку Мастантуоно.

Најголемите возбудувања за дојдоа во завршните 10 минути од второто полувреме. Албасете одново поведе, овојпат 2-1, во 82.минута преку Бетанкор. Во првата минута од судиското дополнение (90+1) Гарсија го израмни резултатот на 2-2. И кога сите очекуваа продолжување, Бетанкор со својот втор гол ги постави конечните 3-2 за Албасете.

Така Реал Мадрид нема да има можност да се бори за трофејот во Копа дел Реал. Сега на „Кралевите“ им останува битката Ла Лига и во УЕФА Лигата на шампион.

Следете нé на социјалните мрежи