Ракометниот вице-првак Вардар ги почна почна подготовките за вториот дел од сезоната.
Под водство на Иван Чупиќ се собраа ракометарите кои немаат репрезентативни обврски.
За првпат нема ниту еден вардарец на списокот на македонската репрезентација за Европското првенство. Милан Лазаревски не беше повикан бидејќи не е целосно подготвен по повредата. Странските играчи имаат свои репрезентативни обврски. Марек Марчињак, Виктор Јанковски и Милош Валах конкурираат за настап со Полска. Урош Митровиќ е дел од Србија, а Никола Боно игра за Аргентина.
Чупиќ пред стартот на тренинзите истакна дека сите добро се одмориле и дека е важно што тимот е здрав. Тој нагласи дека следуваат големи натпревари, борба за титула и настапи во Европа и Купот. Според него, тимот има многу работа и мора да биде максимално подготвен.
Тимот ќе тренира во Скопје и таму ќе ја одработи првата фаза од подготовките. На 29 јануари следува патување во Словенија каде ќе се игра подготвителен турнир со екипите на Загреб, Сесвете и Слован.
Првиот меч во продолжението на сезоната Вардар ќе го одигра на 7 февруари против Куманово. По 18 кола Вардар е лидер со 34 бодови, четири повеќе од Пелистер и пет од Охрид и Алкалоид.
Вардарци покрај атак на шампионската титула, ќе го бранат и трофејот во Купот на Македонија, а ги очекува и вториот дел од натпреварите во ЕХФ Европската лига.





































