Екипите на Интер и Наполи одиграа без победник во дерби дуелот од 20.коло на Серија А.

Натпреварот одигран на „Џузепе Меаца“ во Милано, заврши без победник 2-2. Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас го одигра целиот натпревар, а беше и асистент за гол на Наполи.

Се започна добро за домашните фудбалери и навивачи. Веќе во деветтата минута, Димарко донесе водство на Интер од 1-0. Но, шампионот Наполи тоа како дополнително да го мотивираше. Се играше 26.минута кога по одличната асистенција на Ељиф Елмас, на вистинското место беше МекТоминеј за израмнување на 1-1. Тоа беше и резултат по првиот дел.

А, во вториот иако двата тима создадоа по неколку шанси за гол.

Во 71.минута кога по една ситуација во шеснаесетникот на Наполитанците, а по проверка на ВАР снимката, беше досуден пенал за домаќините. Турчинот, Хакан Чалханоглу беше сигурен реализатор за водство на Интер од 2-1. Гостите останаа и без тренерот Конте кој заработи црвен картон. Сепак, шампонот не се откажа и во 82.минута повторо преку МекТоминеј израмни на 2-2.

Интер останува прв на табелата со 43 бодови, три повеќе од Милан, а четири од Наполи и Рома.

Следете нé на социјалните мрежи