Екипата на Барселона го освои првиот трофеј сезонава и тоа во шпанскиот Супер куп. Во финалето на ова натпреварување одиграно во Џеда, Саудиска Арабија, Барселона го совлада лутиот ривал Реал Мадрид.

Популарното „Ел Класико“ уште еднаш го оправда очекувањата, дури и на нај пребирливите симпатизери на фудбалот. На крајот се радуваа фудбалерите и симпатизерите на Барселона со конечен резултат 3-2.

Првиот половина час мина во внимателна игра во која „кралевите“ создадоа две шанси, но без ефект. Затоа во продолжението големи возбудувања и четири гола. Барса поведе во 36.минута преку Рафиња. Во судиското дополнение, прво, Реал преку Винициус израмни на 1-1 (45+2). Веќе во 45+4, Левандовски повторно донесе предност на Каталонците од 2-1. Но, само шесте секунди подоцна (45+6), Гарсија измени на 2-2.

И во второто полувреме, иста, отворена и офанзива игра. Најдобриот фудбалер во моментов на Барселона, Рафиња втор пат се запиша во листата на стрелци и во 73.минута, пак и донесе водство на својата екипа со 3-2. Во самиот финиш (судиското дополнение) Барселона остана со играч помалку, откако ДеЈонг заработи директен црвен картон. Петте минути надополнување не им беа доволни на „Кралевите“ и трет пат да дојдат до израмнување.

Така Барселона стигна до 16 трофеи во Супер купот, а Реал остана на 13. Двете екипи заработија и нешто повеќе од 6 милиони евра, за самиот пласман во финалето.

Следете нé на социјалните мрежи