Најдобрата машка ракометна репрезентација на Македонија, денеска од Швајцарија патува за Данска.

Македонските ракометари го одработија и својот настап на меѓународниот турнир „Жолт куп“. Таму беа остварени две победи, над Бахреин 32:28 и Украина 31:26 и едно реми 29:29 вчеравечер против домаќинот Швајцарија.

На турнирот во Винтертур селекторот Кирил Лазаров и неговиот стручен тим имаа можност да испробаат повеќе варијанти со кои ќе настапат на Европскиот шампионат.

Капитенот Филип Кузмановски кој беше прогласен за најдобар играч на турнирот со свое видување.

Според претходно зацртаниот план, до почетокот на Европското првенство македонските ракометари ќе одигра уште еден контролен дуел. Тие од денеска до 13 јануари ќе бидат во Силкеборг, а вечерва треба да одржат и тренинг.

Шампионатот за Македонија ќе почне на 16.јануари со дуелот против топ фаворитот за златото и ко-домаќин на првенството Данска. Два дена подоцна на 18 јануари ќе следува дуелот со Португалија, а последен противник ќе биде Романија на 20 јануари.

Целта е да се биде меѓу првите две селекции во ова конкуренција и да се обезбеди пласман во втората, главна фаза на првенството.
Задачата сигурно дека нема да биде лесна, но со најавената голема поддршка од македонските навивачи, ракометарите ќе треба да потврдат дека имаат квалитет за поголеми резултати.