Македонските ракометни репрезентативци, денеска ќе го одработат последниот тренинг во Скопје. Тие се подготвуваат за настап на Европскиот шампионат, до кој остануваат уште 11 дена.
Голманот Мартин Томовски верува дека селекцијата има капацитет да одигра квалитетни натпревари во силната конкуренција со Данска, Португалија и Романија.
„Данска е апсолутен фаворит тоа го покажува последните години. Португалија е една репрезентација во подем, но тука и Романија којашто е исто зрела со искуство, а има и подмладени сили.
На секој натпревар ќе треба посебен карактер на нашата цел, да даде максимум. Ќе се подготвиме апсолутно максимално 100% и повеќе, така да нема да остане ништо друго, освен да го дадеме максимумот на тие натпревари и се надевам на позитивен резултат на сите“, изјави Томовски
Репрезентацијата утре ќе има слободен ден, по што во среда патува за Швајцарија каде од 8 до 10 јануари ќе одигра три контролни натпревари.
„Мое мислење е дека многу е подобро и поубаво времето го искористиме на вакви и пријателски подготвителни натпревари. Таму можеме да видиме вистински каде сме погрешиле, каде сме направиле добри работи . Мислам дека тоа ќе биде една одлична увертира и за нас, а исто така за и селекторот, да види до кајсме.
Се надевам на еден одличен подготвителен турнир, пред се да останеме здрави и сета таа енергија, сето тоа акумулирано искуство, да го пренесеме на Европското првенство’, истакна Томовски.




































