Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас со својот Наполи го освои првиот трофеј сезонава. Шампионот на Серија А триумфираше во Саудиска Арабија совладувајли ја во финалето Болоња со 2-0.

Стрелец на двата гола на дуелот во Ријад беше Давид Нерес.

Првиот погодок го постигна во 39-тата минута со маестрален удар од 25 метри, а вториот дојде по речиси еден час игра.

Со овој триумф Наполи го освои трофејот во Суперкупот на Италија по трет пат во својата историја, по победите во 1990 и 2014 година.

Елмас, како дел од победничкиот состав, повторно ја потврди својата важност за тимот и ја збогати својата колекција на трофеи.