Шампионот МЗТ Скопје Аеродром ја оправда улогата на фаворит во дуелот со скопски Чаир. Во последниот натпревар од 11.коло во кошаркарската Супер лига, тимот на МЗТ Скопје славеше победа над Чаир со 76-48.
Освен во првата четвртина, се друго беше на страната на екипата која ја брани шампионската титула.Чаирчани одиграа доста добра прва четвртина, коај ај реализираа во своја корист, поведоа со (19:6).
Во продилжението, па се до крајот на натпреварот, аеродормци ја контролираа играта, а со тоа и резултатот.
Со комплетирањето на ова коло, познат е и распоредот на екипите за осминафиналната рунда во Купот на Македонија, фаза која првите четири тима на табелата ќе ја прескокнат.
СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) 11. КОЛО
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ЧАИР 76-48
ТФТ – ТИКВЕШ 89-58
МКК КУМАНОВО – РАБОТНИЧКИ 82-77
ПЕЛИСТЕР – КОЖУВ 76-83
ФЕНИКС – ГОСТИВАР 77-56
АНГЕЛИ – МАЏАРИ
ТАБЕЛА
- ТФТ 21 бодови
- МЗТ Скопје А. 20
- Пелистер 18
- МКК Куманово 18
- Кожув 18
- Маџари 17
- Работнички 16
- Феникс 15
- Чаир 15
- Тиквеш 14
- Гостивар 13
- Ангели 12




































