Македонскиот шампион, тетовска Шкендија и на пролет ќе игра на европската сцена. тетовци испишаа нова историја во мак-фудбалот и станаа првата екипа на која и успеало тоа.
Во последниот натпревар од групната фаза на Конференциската лига, Шкендија на гостувањето во Ларнака кај АЕК загуби со 1-0. Сепак, во прилог на тетовци им одеа резултатите на останатите натпревари и нивните конкуренти, па македонскиот шампион да се вброи меѓу 24-те екипи кои ќе продолжат во нокаут фазата.
Во петата минута тетовци се заканија преку Вебстер, но внимателен беше домашниот голман Аломеровиќ. Многу среќа за македонскиот првак во 17.минута, кога Хрвоје Миличевиќ не бранет од никого биеше со глава над голот. Во финишот на првиот дел домаќините успеаја да ја затресат мрежата на Шкендија. Сепак, по прегледувањето на снимката голот беше поништен поради офсајд, па резултатот остана печениот 0-0.
Во вториот дел по само девет минути игра, тетовци останаа со играч помалку. По несмасност и стартот на Љатифи, главниот судија директно му покажа црвен картон. Предноста од играл повеќе и даде дополнителен офанзивен карактер на играта на домашните фудбалери. Тетовци успешно се бранеа се до самиот финиш односно 83.минута. По корнерот од десната страна, Пољакот, Карол Анџиелски остана сам и ја затресе мрежата на Шкендија за 1-0.
До крајот на натпреварот немаше промена на резултатот, па двата тима имаа причина да се радуваат на остварената цел. АЕК ќе игра директно во осминафиналето, а Шкендија во 1/16-финалната рунда.
За тетовци следува зимската пауза, а следниот меч на европската сцена ќе го играат на 19 февруари следната година.




































