Манчестер Сити и Астон Вила го продолжија притисокот врз лидерот во Премиер лигата, Арсенал, со победи во неделата.
Второпласираниот Сити победи со 3-0 кај Кристал Палас, а Вила, на третото место, двапати се врати и го победи Вест Хем со 3-2.
Ерлинг Халанд беше двоен стрелец за Сити. Норвежанецот го постигна својот 101-ви гол во Премиер лигата со што Сити поведе кон крајот на првото полувреме. Вториот гол во натпреварот го постигна со пенал во 89-тата минута, а тоа е вкупно 17-ти сезонава. Фил Фоден во меѓувреме беше стрелец на голот за 2-0.
И Морган Роџерс постигна два гола за Астон Вила која со пресврт во вториот дел славеше на гостувањето кај Вест Хем со 2-3.
Домашниот тим во два наврати имаше предност во првото полувреме, а во второто Роџерс постигна два гола, за да ја продолжи победничката серија на Астон Вила на девет натпревари по ред.
Арсенал е водечки тим на табелата со 36 бодови, два повеќе од Сити и три од Астон Вила.





































