Ма[ката ракометна репрезентација на Македонија на по летокот на новата 2026 година, повторно ќе виде дел од европската елита. Нов настап ги чека македонските ракометари на Европскиот шампионат.
Селекторот Кирил Лазаров на седницата на УО на РФМ, го презентира планот на подготовки за континенталниот собир.
„Подготовките ќе се одвиваат во неколку фази, акцент ќе ставиме на воигрување на тимот, ќе ги искористиме сите можни денови на располагање. Добивме тешка група, се работи за домаќинот Данска, ќе пробаме достојно да го презентираме македонскиот ракомет, тука е Португалија која знаеме каков ракомет игра. Против Романија тука ја гледаме нашата шанса, нема да ја потцениме. Јас сум голем оптимист поради она што го гледам на теренот“, изјави Лазаров.
Тој веќе објави поширок список од 35 ракометари кои ќе претендираат за место во тимот.
Првата прозивка Лазаров ќе ја направи на 22 декември, кога се очекува и да го скрати списокот. Неколку дена подоцна селекцијата ќе патуваат за Пореч на пријателски натпревар против Хрватска.
До стартот на шампионатот, а по новогодишните празници предвидени се уште три контролни натпревари. На турнирот во Швајцарија „Жолт Куп“, покрај домаќинот, Македонија ќе одигра и натпревари со Украина и Бахреин.
Оттаму македонските ракометари патуваа директно Хернинг, Данска каде ќе играат натпреварите од првата рунда на Европскиот шампионат.





































