Македонскиот ракометен вицепрвак Вардар, го објави распоредот и саатницата за натпреварите од втората фаза во Европската лига.

Вардарци кои како првопласирани во групата на минаа првата фаза, во втората за противници ќе ги имаат германскиот Мелсунген и португалскиот Бенфика.

Црвено-црните ќе стартуваат со гостување во Лисабон кај Бенфика на 17 февруари 2026. Потоа ќе следуваат два домашни натпревари на 24 февруари и 3 март. Во последниот меч вардарци ќе гостуваат во Германија кај Мелсунген на 10 март. Сите натпревари Вардар ќе ги игра во вечерниот термин од 20.45 часот.

Првопласираниот тим ќе обезбеди директен пласман во четвртфиналето, а второ и трето рангираните, ќе играат плеј-оф (осминафинале).

Во новоформираната група Мелсунген ќе стартува со 4 бодови, Вардар и Кристијанштад со по 2 бода, а Бенфика од нула (0).

Следете нé на социјалните мрежи