Екипата на Ангели забележа очекувана победа во дуелот против Баскет Кам со кој е отворена претпоследната рунда во Втората машка кошаркарска лига.
На средбата одиграна вечерва во Кисела Вода, составот на Ангели славеше со 84-56. Иако навидум резултатот вели дека беше лесно, сепак во првото полувреме Баскет Кам одигра одлично, па на полувремето замина со поен позитива (28-27). Благодарение на шутерското шоу на Аргировски во третата четвртина кога бекот на Ангели постигна седум (7) тројки, фаворитот направи голема предност од 23 разлика 64-41, па во последната четвртина само рутинирано ја одржуваше разликата и на крајот заслужено стигна до својата 14-та победа со која се проби на третото место на табелата.
Дали Ангели ќе останата на третата позиција ќе ќе зависи и од исходот од утрешниот меч во кој Работнички кој исто така има 14 победи го игра градското дерби со МЗТ Скопје У.Б.
Останатите натпревари од оваа 21-ва рунда на програмата се претстојниот викенд.
КОШАРКА ВТОРА ЛИГА – ПРЕТПОСЛЕДНО 21.КОЛО
СРЕДА
БАСКЕТ КАМ – АНГЕЛИ 56-84
ЧЕТВРТОК
МЗТ УНИ БАНКА РАБОТНИЧКИ 18:30 часот
САБОТА
ШКУПИ ОХРИД 12:00 часот
МКК КУМАНОВО – БОРЕЦ БАСКЕТ 18:30 часот
НЕДЕЛА
СОКОЛИ – ЦРН ДРИМ 15:00 часот
ВОДНО САНС – ВАРДАР 20:00 часот