Во НБА лигата ноќеска беа одиграни десет натпревари, на кои само тимот на постигна Портланд постигна под 100 поени.

Популарните „Блејзерси“ уфрлија само 80 поени во мечот со Сакраменто што го загубија со 40 разлика односно 120-80, па „Кингси“ по пауза од 17 години повторно ќе играат во плејофот.

На останатите девет натпревари сите екипи уфрлија над 100 поени.

Најмногу дури дури 285 беа постигнати на натпревар меѓу Индијана и Милвоки, меч кој гостите го добија со 149-136.

Гостинскиот играч Холидеј средбата ја заврши со рекордно за него 51 постигнат поен, на кои придодаде по 8 скокови и асистенции, додека Антетокумпо оствари трипл-дабл со 38 поени, 17 сакови и 12 асистенции.

Значајна победа славеше и тимот на ЛА Лејкерс и тоа на гостувањето во Чикаго со 121-110. Ентони Дејвис со дабл-даб од 38 поени и 10 скока, заедно со Леброн Џејмс кој постигна 25 поени беа најзаслужни за овој триумф на „Езерџиите“ кои остануваат во игра за место во плејофот.

Затоа пак Лука Дончиќ и Далас прават чекор назад од разигрувањето. „Меверикси“ претрпеа нов пораз. Овој на гостувањето кај Филаделфија од која загубија со 116-108. Словенецот имаше дабл-дабл со 24 поени и 10 скокови, на кои додаде 8 асистенции, додека Кајри Ирвинг постигна 23 поени, но во победничката екипа, по повредата се врати Ембид кој со 25 поени и 9 скокови, повторно потврди дека е најголемиот конкурент на Србинот, Јокиќ во трката за признанието МВП.