Одбојкарите на УГД Штуп останаа единствениот македонски претставник на европската сцена. Штипјани играат во второто по квалитет европско натпреварување, Челенџ купот.

Во својата дебитантска европска сезона, тие во првата рунда го елиминираа норвешкиот тим на Кол ИЛ и тоа по златен сет во реванш дуелот.

Сега во рамките од 1/16-финалната рунда, УГД Штип го чека многу потежок противник. Италијанската екипа Алијанц Милано, важи за фаворит во двомечот со македонската екипа, но од таборот на штипјани ре размислуваат предвреме да се предадат.

Секако мал хендикеп е што домашниот меч наместо во Штик ќе се игра во Радовиш. Сепак одбојкарите на УГД очекуваат дека и во салата „25 Мај” во Радовиш ќе имаат поддршка.

Првиот меч Штип и Милано ќе го играат вечерва со почеток од 19 часот.

Следете нé на социјалните мрежи